Прва лигаФудбал

Мирчевски: Против секого одиме на победа, така ќе биде и во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс денес гостува во Кавадарци каде ќе ги одмери силите со Тиквеш, во меч од 20. коло на Првата лига.

Силекс е сигурен на четвртото место, но имаат можност да се вмешаат за втората и третата позиција. По ремито на Струга со Вардар, избраниците на Александар Васоски ако денес слават во Кавадарци ќе дојдат на пет бода негатива од Струга која е трета.

Најдобриот стрелец на Силекс, Мартин Мирчевски вели дека секога и секаде против секако одат на победа, па така ќе биде и денес во Кавадарци против Тиквеш.

„Поразот од Шкендија не влијаеше негативно на нашиот тим, затоа што дојде против екипа која сезонава играше добро во Лигата на Конференции, а друга работа беа условите за игра, и мислам дека нема аргументи за замерка. Понекогаш на такви натпревари треба да те посака и среќа, а нас на тој меч не нѐ посака. Сега се фокусираме на мечот со Тиквеш, и нормално е дека бараме победа. Секогаш и секаде против секого одиме на победа. Секоја екипа си има предности и слабости, наша работа е да ги пронајдеме слабостите на Тиквеш, и да ги искористиме и да дадеме се од себе да ги освоиме бодовите“, изјави Мирчевски.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи, но и по тешкиот период за клубот по трагичната смрт на...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен терен од Вардар. Иако кратовскиот состав одигра добар натпревар, сепак, на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!