Ракомет

Ѓорѓески: „Успеавме да го отвориме плеј-офот со победа“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид со сигурен чекор го отвори плеј-офот во Супер Лигата со триумф на гостувањето кај Бутел Скопје (28-22). Натпреварот започна малку тешко за охриѓани – првото полувреме беше изедначено и двете екипи покажаа силен отпор. Клучот за победата дојде во вториот дел, кога Охрид ја наметна својата игра и создаде разлика што ја одржа до крајот.

Во изјава за Спортска Мрежа, Даниел Ѓорѓески потенцираше дека клучот бил во одбраната и дисциплинираната игра, што им овозможило да ја исполнат целта – победнички старт во плеј-офот. Голманот истакна дека сега вниманието е насочено кон следните предизвици, вклучувајќи ги Куп-средбите и дуелот со РК Алкалоид.

„Одигравме еден добар натпревар, посебно во одбраната и успеавме да ја оствариме целта- да го отвориме плеј-офот со победа, како што и посакувавме. Сега ни останува добро да се подготвиме за тоа што ни следува – натпреварите од Купот и мечот со Алкалоид, кој е доста важен за нас.“- изјави Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со оваа победа, Охрид го потврди статусот на фаворит во плеј-офот, демонстрирајќи дека знае да одговори кога е најпотребно и со дисциплина да го контролира текот на натпреварот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!