Ракомет

Младост како „брз шлепер“ ја помина Македонија ЃП – Богданци сака суперлигашки ракомет!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Без воопшто било каков проблем Младост како „брз шлепер“ ја помина Македонија ЃП и стигна до 15 победи од толку натпревари, откако вечерва резултат во Богданци беше 37:28, во рамки на 17. коло на Првата лига.

Гостинот имаше сили да парира некаде до 19. минута од мечот, кога тимот на Горан Андоновски се одлепи и започна да гради резултатска предност. На полувреме беше 19:16 за непоразениот лидер.

Во вториот дел предноста постојано се зголемуваше и стигна до конечни 37:28.

Даниел Андоновски со осум погодоци беше прво име кај Младост, а по шест гола постигнаа Зоран Стојановски и Никола Димитров.

Овче Поле очекувано славеше над Кичево во „Билјанини Извори“ во Охрид со резултат од 23:29. За домашниот тим Благој Христовски беше прво име со осум гола, а кај тимот од Свети Николе Иван Димчевски се истакна со девет гола.

Мулти Есенс беше проблеми го декласираше Аеродром во гости со 32:44, па со тоа тимот од Автокоманда продолжува да го следи чекорот на непоразениот лидер од Богданци и извесно е дека нивниот меѓусебен дуел ќе решава за првата позиицја.



Никола Иванов со шест гола беше прво име кај Аеродром, а кај Мулти Есен со по 14 гола најдобри беа Немања Џигеровски и Јулијан Матевски.

Драмата во Штип ја доби Текстилец кој славеше со тесни 34:33 над Партизан од Гевгелија. Прво добро полувреме за домашниот, а второто му припадна за гостинот, но сепак на крај загуби со гол разлика.

Филип Џинес очекувано најдобар стрелец кај домаќинот со девет гола, кај гостинот, исто така со девет гола се истакна Стојан Наумовски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!