Трета лигаФудбал

Третолигашот Света Троица од Охрид се засили со Шенол Меди

Сподели
Сподели

Третолигашот Света Троица од Охрид за пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад се засили со искусниот Шенол Меди.

33-годишниот Охриѓанец во редовите на Света Троица доаѓа од екипата на Кибо Пласт Сити Палас, а претходно настапуваше за Октиси, Воска Спорт, Охрид, Влазними од Струга и за екипата на Вулкан.

Меди е поранешен младински репрезентативец на Македонија, каде беше и капитен.

Света Троица добива искусни име за пролетниот дел, а целта на тимот ќе биде што подобар пласман на табелата во Трета лига – Југозапад, откако есенскиот дел го заврши на седмото место со десет бодови.



Пролетната полусезона екипата на Света Троица од Охрид ја отвара на гостински терен кај Напредок во Ношпал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор на кадетската репрезентација, Горан Кузманоски, се наметнува како водечка екипа во...

Ракомет

Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа, Алкалоид со предност пред реваншот – познати се дел од патниците во осминафиналето!

Третото коло од ЕХФ Европскиот Куп донесе нови возбудувања и неколку убедливи изданија на екипите кои се борат за место во осминафиналната фаза....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!