Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: НГ Рибари
Сподели

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки екипи во Втората фудбалска лига, лидерот Охрид ќе биде домаќин на второпласираната Шкендија Арачиново во рамки на 17. коло.

Верните „рибари“ веќе се мобилизираа за овој дерби меч, каде влогот од истиот е голем. Охрид сака триумф за да се зацврсти на врвот од табелата, а Охриѓани единствениот пораз го имаат токму од Шкендија Арачиново. Од друга страна гостинот се надева на три бодови со цел да го презеде врвот.

Но, верните „рибари“ подготвуваат „пеколна“ атмосфера за овој натпревар и најавуваат огромна и силна поддршка од трибините.

„Застани во коп за честа на Охрид! По вчерашната победа во купот против Вардар, нè очекува важен натпревар за зацврстување на лидерската позиција против Шкендија Арачиново. Нашите играчи заслужуваат поддршка, а наша должност е да им возвратиме со полн коп и 90 минути песна. Овој натпревар не е само обичен натпревар, туку е и борба против нечесните игри и неправдите кои ги користи гостинскиот клуб преку цела сезона“, се вели во соопштението на НГ „Рибари“

Натпреварот меѓу Охрид и Шкендија Арачиново се игра во сабота со почеток од 14 часот на стадионот „Билјанини Извори“

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето...

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!