Ракомет

Вардар со срце до голема победа: Минус шест не беше пречка за „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Двократниот европски шампион Вардар 1961 покажа карактер шампионски калибар и со голем пресврт го совлада Мелсунген со 37-33 (18-19) во второто коло од главната фаза на Европската лига. Во СЦ „Јане Сандански“ се славеше победа извојувана со срце – по негатива од шест гола во првиот дел.

Иако стартот ветуваше со добра игра и рани голови, Вардар влезе во период на грешки, што гостите безмилосно го казнија. Германскиот тим стигна и до 6-12, а трибините на кратко замолкнаа.

Но токму тогаш почна будењето. Со влезот на Милош Валах меѓу стативите и серијата интервенции, „црвено-црните“ фатија ритам. Головите на Малус, Воркапиќ и Тузолана ја стопија разликата, па на пауза се замина со само гол негатива (18-19).

Вториот дел донесе експлозија. Вардар врза три гола по ред и го презеде водството – момент што ја запали салата. И кога Мелсунген повторно се обиде да возврати, вардарци одговорија со мирнотија и зрелост. Клучниот период дојде по 26-26, кога домаќинот ја казнуваше играта без голман на ривалот и со три гола во празна мрежа се одлепи на 31-27. Од тој момент, пресвртот беше комплетиран – а победата неминовна.

Лидери на теренот беа Јака Малус со 10 гола и Вукашин Воркапиќ со 9, додека Милош Валах блесна со 14 интервенции – неколку од нив во најкритичните моменти кога се кршеше мечот.

Вардар покажа дека има карактер, длабочина и вера кога е најтешко. Со новите бодови, скопскиот тим останува во игра за висок пласман во групата и следниот предизвик го пречекува со крената глава – и со публика која му верува.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!