КупФудбал

ИСТОРИЈА ЗА ОХРИД: Бранителот Вардар исфрлен од Купот преку пенали!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Уште една историја денес се испиша во Купот на Македонија откако второлигашот Охрид обезбеди полуфинале совладувајќи Вардар преку пенал рулетот, откако во регуларниот дел беше 1:1.

Бранителот на Куп трофејот Вардар е исфрлен од Купот на Македонија, „рибарите“ направија сензација пласирајќи се во полуфиналето за голема клупска историја.

Едно е сигурно – Македонија ќе има нов освојувач на Купот на Македонија.

Резултатот го отвори Вардар преку Бобан Николов, на стартот од вториот дел, откако на полувреме беше 0:0. Лидерот во Втората македонска фудбалска лига до израмнување дојде во самиот финиш на мечот преку Давид Матески за конечни 1:1.

Охрид кој е составен од млади фудбалери во пенал серијата влезе без притисок и со мирна глава против далеку поискусниот Вардар.



Пенал серијата се покажа како кобна за Вардар, откако Охриѓани беа посигурни од белата точка со 2:4.

Во првата пенал серија Благоја Спиркоски не успеа да реализира, а не погоди ниту Бобан Николов за Вардар. Во втората пенал серија Абдулхади Јахја и Стефан Цветковиќ беа сигурни од белата точка.

Во третата пенал серија Наумче Бакрачески погоди за Охрид, а Немања Босанчиќ беше сигурен за Вардар. Во четвртата серија Антонио Каланоски беше сигурен за „рибарите“, а Димитар Данев не успеа да реализира.

Човек на одлука беше Дарко Илиески кој успеа да реализира и да ги постави конечни 2:4 во пенал серијата и со тоа Охрид да се пласира во големото полуфинале.

Претходно, второлигашот Шкендија Арачиново направи сензација исфрлувајќи го Работнички и со тоа обезбедувајќи историско полуфинале во Купот на Македонија.



Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори со убедлив триумф ја отвори сезоната, Менада го доби дебитантското соочување со Башкими

Ефикасно стартуваше новата сезона во Втората женска фудбалска лига, со два натпревари од првото коло, на кои беа постигнати десет погодоци. Билјанини Извори...

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци ќе гостува Алкалоид, кој како фаворит доаѓа во салата „Млаз“, која...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори со убедлив триумф ја отвори сезоната, Менада го доби дебитантското соочување со Башкими

Ефикасно стартуваше новата сезона во Втората женска фудбалска лига, со два натпревари...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!