Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера го урна шампионот Љуботен, Скопје се одлепи на +5 во трката за титулата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вонредното 16. коло во Првата женска фудбалска лига го донесе големото дерби во Струмица, каде Тиверија Брера успеа да го „сруши“ актуелниот шампион со 2:1, а со тоа и да се искомплицира битката за одбрана на титулата на тетовскиот тим.

По првото полувреме без голови, вториот дел донесе вистинска драма. Розита Пецева во 69. минута го отвори резултатот за домаќинките, но радоста траеше кратко – Улза Максути во 78. минута израмни на 1:1. Љуботен притисна во обид да направи пресврт, но на висина на задачата беше голманката Викторија Панчурова. Казната стигна во 87. минута, кога Данче Карпузовска погоди против својот поранешен клуб за конечни 2:1. Во самиот финиш струмичанки рутински го сочуваа водството и впишаа огромни три бода.

Киксот на шампионот го искористи лидерот Скопје, кој на домашен терен славеше со 3:1 против дебитантот Вардар. Рабија Дервиши го отвори резултатот во 31. минута, а Јована Каралиоска во продолжението зголеми на 2:0. Во 65. минута Дервиши со својот втор погодок донесе убедливи 3:0, додека Миа Закев во финишот само го ублажи поразот на гостинките. Со оваа победа, тимот од Пржино избега на пет бода предност на врвот.



Ефикасно беше и во Битола, каде Истатов со 3:6 славеше над Топ Гол. Гостинките имаа убедливи 0:5 на полувреме и практично го решија мечот уште во првиот дел. Радица Чонева постигна четири погодоци, а по еднаш стрелаа Ана Нешковска и Андреа Коловска. Во второто полувреме за домаќинките погодија Мила Коњановска, Сара Стефановска и Јоана Зебековска.

Драматично беше и во Кочани, каде фенерџијата Кочани беше блиску до изненадување против Каменица Саса, но загуби со 2:3. Јована Петрушовска и Ана Димитровска донесоа водство од 0:2, а Ивона Бангиева намали на 1:2. Гостинките од 43. минута играа со фудбалерка помалку по исклучувањето на Туане Де Соуза Фрагосо. Во 58. минута Ангела Стојковска израмни на 2:2, но искусната Димитровска со својот втор гол обезбеди тешко извојуван триумф за „рударките“.

Без голови заврши дуелот меѓу Речица и Ас Јунајтед (0:0), резултат кој за домаќинките значи важен чекор кон обезбедување директен опстанок.



Состојба на табелата

Скопје е лидер со 45 бодови, пред Љуботен со 40, а трката за титулата останува отворена. Истатов е трет со 32 бодови, додека Каменица Саса и Тиверија Брера го делат четвртото место со по 30. Ас Јунајтед има 27 на шестата позиција.

Речица и Вардар се израмнети на седмото место со по 11 бодови. Во долниот дел, Топ Гол и Кочани се на дното со по четири бодови и ги очекува жестока борба за опстанок. Една екипа директно ќе испадне во Втората лига, додека една ќе игра бараж против второпласираниот тим од Втората женска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!