Втора лигаФудбал

Поради немање ВАР, Детонит Плачковица четвртфиналето од Купот ќе го игра во Кратово

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица нема да може да го одигра четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс на Градскиот стадион во Радовиш. Причината е тоа што стадионот нема ВАР-технологија, која согласно пропозициите е задолжителна од оваа фаза на натпреварувањето.

Во Втората лига ниту еден стадион нема ВАР-технологија, бидејќи истата не се применува во второлигашкиот шампионат.

Од таа причина и второлигашот Шкендија Арачиново четвртфиналето од Купот на Македонија против прволигашот Работнички ќе го игра на стадионот на Башкими во Куманово, наместо на „Хасанбег арената“ во Скопје, каде што ги игра своите домашни натпревари.

Радовишани во четвртфиналето ќе се соочат со прволигашот Силекс, а наместо пред домашна публика, натпреварот ќе мора да го одиграат на друг стадион, односно на стадионот на Силекс во Кратово, во среда со почеток од 14 часот.

Дека ВАР е задолжителен во четвртфиналето од Купот на Македонија, стои и во самите пропозиции за сезоната 2025/2026 од ова натпреварување.

Член 3а

(1) Доколку клубот-домаќин за натпревар од четвртфинале на КУП и полуфинале на КУП нема инфраструктурни услови за примена на ВАР технологија на стадионот кој го има пријавено за натпреварување, натпреварот ќе се игра на стадион на кој постојат инфраструктурни и технички услови за примена на ВАР технологија, за што е должен да ја извести Комисијата за натпреварување најдоцна седум дена пред одигрувањето на натпреварот.

Претседателот на ФК Детонит Плачковица, Јовица Трајчев, вели дека се принудени четвртфиналниот меч да го одиграат на друг терен, бидејќи во Радовиш нема ВАР.



Притоа, како клуб им се извинуваат на сите радовишани, навивачи и на целата спортска јавност, повикувајќи ги сите кои се во можност да дојдат во Кратово и да им дадат силна поддршка во обид радовишани да испишат нова историја во Купот со пласман во полуфиналето.

“Почитувани радовишани, навивачи и почитувана спортска јавност,

Ве известуваме дека Градскиот стадион во Радовиш нема имплементирано ВАР-технологија, ниту пак ги исполнува условите за нејзино воведување во овој момент.

Поради тоа, како фудбалски клуб сме принудени четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс да го одиграме на алтернативен терен, односно на стадион каде што се исполнети условите за користење ВАР-технологија.

Согласно пропозициите за Купот на Македонија за сезоната 2025/2026, ВАР-технологијата започнува да се применува од четвртфиналната фаза.

Натпреварот против Силекс, нашиот клуб ќе го одигра на стадионот на Силекс во Кратово, во среда од 14 часот.

Поддршката од трибините ќе ни значи многу, сите кои ќе бидете во можност да го проследите нашиот меч против тимот од Кратово.

Ви благодариме на разбирањето и поддршката”, вели Јовица Трајчев, претседател на ФК Детонит Плачковица.

Иако без можност да играат пред своите навивачи во Радовиш, од клубот очекуваат силна поддршка во Кратово во еден од најважните натпревари сезонава, каде што ќе се обидат да приредат изненадување против искусниот прволигаш во обид за нов клупски успех во Купот на Македонија.



Детонит Плачковица минатата сезона за првпат стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од тетовска Шкендија, а оваа сезона радовишани повторно се меѓу осумте најдобри во Купот.



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч со кој се отвори седмото коло во Првата женска фудбалска лига....

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!