РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У17 ќе одигра два контролни натпревари против Грузија, еве кои фудбалери се повикани

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години во периодот од 22. до 27. февруари ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Двата дуели избраниците на селекторот Влатко Колев ќе ги одиграат на гостински терен во Тбилиси, каде што ќе имаат можност да ја темпираат формата пред клучните предизвици што следуваат.

Селекторот Колев за овие средби ќе смета на следните повикани фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Амин Суљовиќ (СКОПЈЕ), Даријан Денковски (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Ринор Цека (ШКЕНДИЈА)

ОДБРАНА:
Грегоријан Михајловски (СЕРВЕТ, ШВАЈЦАРИЈА), Самуел Вртковски (МАКАРТУР БУЛС, АВСТРАЛИЈА), Филип Цветковски (ВАРДАР), Тео Стојчевски (ВАРДАР), Давид Лиотоски (РАБОТНИЧКИ)

СРЕДЕН РЕД:
Арда Иљазовски (Б93, ДАНСКА), Мелдин Аломеровиќ (СЛОВАН ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА), Блерон Буши (РАБОТНИЧКИ), Алекса Јазагиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Марко Мирчевски (ОХРИД ЛИХНИДОС), Лука Јасмин Георгиев (ВАРДАР), Лука Кнежевиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Павел Рибарски (ВАРДАР)

НАПАД:
Александар Петровски (ЦРВЕНА ЗВЕЗДА, СРБИЈА), Андреј Цветковски (ВАРДАР), Васко Папалиски (СКОПЈЕ), Павел Миронски (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Павел Рибарски (ВАРДАР)

Овие контролни натпревари ќе послужат како сериозна проверка на формата и можност за дополнително воигрување на тимот пред квалификациската фаза од Елитната рунда за пласман на Европското првенство. Македонија ќе се соочи со силните селекции на Германија, Франција и Словенија, а турнирот ќе се одигра кон крајот на март. Пласман во завршницата обезбедува само првопласираната репрезентација од групата.

Завршниот турнир на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до 7 јуни следната година во Естонија, што претставува дополнителна мотивација за младите фудбалери да дадат максимум во претстојните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!