Ракомет

По европската еуфорија, Охрид се враќа на домашната сцена – следува пресметка со Пролет

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По големата победа над чешка Дукла Прага и обезбедениот пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на ГРК Охрид повторно го насочуваат фокусот кон домашниот шампионат.

Во рамки на 22. коло од Супер лигата, охриѓани му гостуваат на РК Пролет 62 во салата „Македонско сонце“, во последното коло пред стартот на плеј-офот. Натпреварот доаѓа во специфичен момент – веднаш по европскиот успех, но и пред завршниот дел од сезоната во кој секој бод ќе има огромно значење.

Во таборот на Охрид владее оптимизам, но и свесност дека нема простор за опуштање. Тимот сака позитивниот ритам од Европа да го пренесе и на домашната сцена, особено против противник кој традиционално знае да биде незгоден на свој терен.

Левото крило на охриѓани- Никола Ристески потенцира дека фокусот мора да биде на највисоко ниво и покрај заморот од згуснатиот распоред. Според него, Пролет е тим што знае да ја искористи поддршката од домашната публика, па затоа пристапот на Охрид ќе биде максимално сериозен.

„По победата над Дукла Прага утре ни следува натпреварот против Тинекс Пролет. Знаеме дека се незгодна екипа на домашен терен, затоа одиме максимално фокусирани да се вратиме среќни во Охрид.“- изјави Ристески.

ФОТО: ГРК Охрид

Јасно е дека за охриѓани овој дуел претставува последна проверка пред плеј-оф битките. Победа во Скопје би значела дополнителен импулс и самодоверба пред најважниот дел од сезоната, каде амбициите се високи, како на домашна, така и на европска сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!