Младинските селекции на Детонит Плачковица утре, сабота (21 февруари), ќе одиграат пријателски натпревари од контролен карактер против Академија Врање 23 во Врање, Србија.
Во рамки на ова гостување ќе настапат генерациите 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во младинската лига.
Планирано е да се одиграат три контролни натпревари, во кои сите генерации ќе добијат можност за настап и проверка на моменталната форма.
Овие средби ќе послужат за дополнително воигрување, тактичка подготовка и стекнување меѓународно искуство за младите фудбалери.

Под водство на тренерите Александар Чаракчиев и Бојан Коцев, тимовите продолжуваат со сериозен пристап во пресрет на продолжението од сезоната, со цел што поуспешен настап во пролетниот дел од младинската лига.