Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Вардар и Башкими, Стојанче Трпчевски главен во Кратово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 19. коло на Првата лига, кое беше отворено денес во Струмица со мечот меѓу Брера и Работнички, кој заврши со триумф за „романтичарите“ од 3:4.

Правда на натпреварот меѓу Вардар и Башкими ќе дели Бењамин Ќерими, а негови асистенти ќе бидат Гоце Петрески и Даниел Василевски, додека пак четврт судија ќе бидат Игор Стојчевски.

Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓоргиески, а оператор за повторување на снимката ќе биде Деан Стефков. Антонио Насевски ќе биде делегат, а пак Никола Караколев контролор.

Влатко Илиоски ќе им суди на Пелистер и Струга Трим Лум, а помошници ќе бидат Борис Трајков и Дино Конески, а пак четврт судија ќе биде Кирил Смоквоски.

ВАР судии ќе бидат Александар Урошевиќ и Дарко Видиниќ, а оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски. Делегат на мечот ќе биде Жанко Савов, а Димитар Мечкаровски контролор.

Средбата меѓу Шкупи и Арсими ќе ја води Александар Василевски, негови помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Мартин Дејаноски, а пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.

ВАР Судија ќе биде Александар Грујоски, а пак АВАР судија ќе биде Вјолца Изеири. Делегат е Дритан Бакали, а контролор Илир Сеља.



Во Кратово каде ќе играат Силекс и Шкендија главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак Ндерим Тефику ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Петковски, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски. Делегат ќе биде Тони Петков, а пак Јосип Бартон контролор.

Македонија ЃП на домашен терен ќе игра со Тиквеш, а правда ќе дели Фуркан Идризи, него ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Идриз Идризи, а четврт судија ќе биде Пларент Салихи. Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Владимир Митревски, а оператор за повторување на снимката ќе биде Виктор Васев.

За делегат е одреден Раде Гроздановски, а за контролор Сашо Лазаревски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!