Ракомет

„Патуваме со предност, но без право на опуштање“ – Прибетиќ пред битката со Дукла

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Со предност од девет голови од првиот натпревар во „Билјанини Извори“, ГРК Охрид викендов гостува кај Дукла Прага во реваншот од осминафиналето во Европскиот куп. Иако резултатот од првиот дуел дава сигурност, во таборот на охриѓани владее максимална сериозност и фокус кон задачата што следува во Прага.

Пивотменот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ нагласува дека тимот анализирал што било добро, а што треба да се подобри од првиот меч. Тој потенцира дека предноста не смее да биде причина за опуштање, бидејќи Дукла е квалитетен противник кој знае да казни секоја грешка. Верува во соиграчите и во тоа дека Охрид ќе го покаже своето вистинско лице и ќе ја оправда улогата на фаворит за пласман понатаму.

„По победата над Дукла Прага овој викенд нè очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Патуваме со добра предност, но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме, бидејќи Дукла е добра екипа која тоа ќе го казни. Верувам во момците и дека ќе го покажеме вистинското лице и среќни ќе се вратиме во Охрид.“- изјави Прибетиќ.

Реваншот во Прага ќе биде вистински испит на зрелоста и карактерот на тимот. Охрид има резултатска предност, но и обврска да одигра паметно, трпеливо и дисциплинирано.

Доколку се повтори енергијата и организацијата од првиот дуел, европската приказна на охриѓани ќе продолжи и по овој викенд.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Вардар сигурен во Кавадарци, триумф над Тиквеш

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со максимален учинок во ракометната Суперлига. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 35:27, во натпревар од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје со победа над Ас Јунајтед, Речица преку Лана Спасовска го „прегази“ Кочани, реми на Пелистер и Саса

Скопје ја продолжува победничката низа откако во Струга славеше над Ас Јунајтед со 2:4, во натпревар од 7. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Ракомет

Шампионот Вардар сигурен во Кавадарци, триумф над Тиквеш

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со максимален учинок во ракометната Суперлига. „Црвено-црните“...

Ракомет

Томовски блескаше со 16 интервенции, Магдебург сепак пресилен

Македонскиот репрезентативен голман- Мартин Томовски повторно имаше забележителна вечер во германската Бундеслига,...

Ракомет

Алкалоид славеше во преполната сала „Млаз“ во Богданци над Младост

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата. Тимот на Кирил Лазаров ја...

Ракомет

Струга со драматичен финиш до првата победа, Бутел падна во последната минута

Струга ја запиша првата победа во новата сезона од Супер машката лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!