Втора лигаФудбал

Преспа со засилувања ја напаѓа мисијата „бараж“ – голема реконструкција во Ресен за пролетниот дел

Сподели
Сподели

Второлигашот Преспа го очекува исклучително тешка пролетна полусезона во обидот да избори барем место во баражот за опстанок, со оглед дека директниот спас одамна изгледа како невозможна мисија.

Подготовките тимот од Ресен ги започна на 15 јануари, а клупската управа одлучи да ја зголеми конкуренцијата во составот со неколку нови имиња за вториот дел од сезоната.

Нов фудбалер на Преспа е 19-годишниот Еранд Зиба, кој доаѓа од прволигашот Струга Трим Лум. Зиба претходно беше дел и од Воска Спорт, како и од младинските категории на Шкендија. Настапуваше и за струшките екипи Јанг Тим, Караорман и Ас Јунајтед.

Од Детонит Плачковица пристигнува 19-годишниот Валентин Блажески, талентиран фудбалер кој беше дел од Њу Старс, а кариерата ја започна во Академија Пандев 10 од Охрид.



Во пакет со Блажески од радовишкиот клуб доаѓа и 24-годишниот Јасин Казимоски. Тој во кариерата настапуваше за Победа, Воска Спорт, Новаци, Караорман (негов матичен клуб), Велешта, Охрид, како и за кичевска Велазерими, Тетекс, Ренова и Младост од Царев.



Ресенчани се засилија и со 19-годишниот Дарио Стојановски, кој доаѓа од Работнички. Во својата досегашна кариера настапуваше и за Брегалница, а во младинските категории беше дел од Фер Плеј од Охрид и Тотал Фудбал Вардар од Ресен.



Во Преспа пристигна и 20-годишниот Сатни Сефедин од второлигашот Новаци, кој претходно беше дел и од Пелистер. Ново младо име во тимот е и 18-годишниот Зоран Чапанов, кој ги мина младинските категории на Пелистер, а потекнува од фудбалската школа Талент од Битола.



Тимот доби и двајца повратници. Станува збор за 24-годишниот Адриан Мехмед, кој повторно се враќа во Преспа, а претходно настапуваше и за Лирија од Грнчари, како и за 18-годишниот Кристијан Трајче. Трајче доаѓа од Пелистер, во младинските категории беше дел од Вардар, настапуваше и за Њу Старс, а сега повторно ќе го носи дресот на ресенчани.

Од клубот заминаа Христијан Сркески, кој кариерата ја продолжува во второлигашот Големо Коњари, Никола Угриноски кој се пресели во третолигашот Света Троица од Охрид, заедно со Кипријан Петрески, додека Зендели Берат ќе настапува за Љуботен. Од Преспа им се заблагодарија на заминатите фудбалери за досегашната соработка и ангажман.

Преспа презимува на 14. позиција на табелата со девет освоени бодови. Пролетната полусезона започнува на 21 февруари, а ресенчани ги очекува исклучително тешко гостување кај апсолутниот фаворит Шкендија Арачиново.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!