Ракомет

„Ако атмосферата биде како против Пелистер, ќе ни биде многу полесно“ – Ројевиќ пред дуелот со Дукла Прага

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид утре го очекува уште еден важен предизвик во европската сезона – дуелот од осминафиналето на ЕХФ Купот со чешката Дукла Прага. Целта на охриѓани е пласман меѓу најдобрите осум екипи, но тренерот Борис Ројевиќ е свесен дека патот до таа цел ќе биде тежок.

На прес конференцијата за новинари, која денес се одржа во салата ,, Билјанини Извори”, стратегот на охриѓани, потенцираше дека противникот е искусен и со богата традиција во Европа, а клучна улога за успехот на домашната екипа ќе има и атмосферата во салата:

„На гости ни доаѓа сериозен противник, кој двапати беше шампион на Европа. Дукла е сериозна екипа, со тројца репрезентативци на Чешка и селекторот на репрезентацијата, клуб со голема традиција и ние едвај чекаме натпреварот да започне.”

Исто така, Ројевиќ истакна и колку е важна поддршката од трибините и атмосферата во салата за мотивирање на тимот.

,, Ги повикувам нашите навивачи да ја наполнат салата и да направат атмосфера како против Еурофарм Пелистер, тоа нам многу ќе ни значи. Имавме некои промени во ростерот, формата можеби не ни е на посакуваното ниво, но ние сме спремни за овој предизвик. И пак ќе повторам – ако атмосферата биде како онаа против шампионот, која беше најдобра атмосфера која што сум ја видел во животот – а сум поминал многу, сигурно дека ќе ни биде многу полесно“, изјави српскиот стратег.

На крај, заклучи дека и покрај промените во ростерот, Охрид е спремен за саботниот натпревар и очекува поддршката од трибините да биде клучен фактор за успехот на домашен терен и добар резултат пред реваншот.

Натпреварот ќе се одигра утре во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а поддршката од трибините се очекува да биде клучна за Охрид да тргне со добар резултат кон реваншот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

Ракомет

ФОТО: Салата “Млаз” е подготвена за дуелот меѓу Младост и Прилеп – вечерва Богданци ќе живее за ракометот

Сè е подготвено во Богданци за првиот домашен натпревар на РК Младост...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!