РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со пресврт до триумф против Австрија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската футсал репрезентација со победа ги отвори контролните натпревари против селекцијата на Австрија што се играат во салата 26 април во Гевгелија.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини и покрај водството бна противникот од 3:0 на крајот успеа да направи пресврт и да триумфира со 5:3.

Во 4. минута гостите преку Абдул Јазичи поведоа со 1:0, а истиот играч во 12. и носи предност на Австрија од 2:0. Третиот погодок за нашиот противник беше постигнат во 14. минута, а стрелец е Вахид Мухаремовиќ.

Во финишот од првото полувреме Седат Зибери намали на 3:1, а по две минути игра во вториот дел Таулант Исмаили го најави пресвртот на македонската репрезентација.

Во 28 минута, Иван Крстевски го израмни резултатот додека Тони Киревски со погодокот во 31. минута и носи предност на Македонија од 4:3.


Во самата завршница Австријците по секоја цена се обидуваа да стигнат до израмнување и во последните минути играа без голман. Тоа го искористи нашиот чувар на мрежата Антонио Петревски кој во 38. минута го постигна петтиот погодок за Македонија со што се потврди триумфот во овој дуел.

Вториот контролен натпревар ќе се одигра утре исто така во салата 26 април во Гевгелија со почеток од 18 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!