Прва лигаФудбал

Македонија ЃП со двојно засилување: Лазаревиќ се враќа дома, Ајдоган носи офанзивна енергија

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров продолжува активно да го склопува тимот за вториот дел од сезоната, а во таа насока ги ангажираше Стефан Лазаревиќ и Огузан Ајдоган.

Во дефанзивната линија повторно ќе го гледаме Стефан Лазаревиќ, кој по третпат во својата кариера го облекува дресот на „лавовите“. Десниот бек ја мина есенската полусезона во ФК Скопје, а претходно настапуваше и за Работнички. Лазаревиќ е дете на Македонија ЃП и токму во Ѓорче Петров ги има забележано и најмногу настапи во својата кариера. Покрај матичниот клуб, има играно и за Гостивар, Тетекс, Борец, Вардар и Силекс, што го прави еден од поискусните домашни дефанзивци.

Офанзивниот дел од тимот, пак, ќе биде збогатен со доаѓањето на Огузан Ајдоган, турски фудбалер со германски пасош, кој пристигнува по настапите за Башкими. Ајдоган веќе има искуство во македонскиот фудбал, бидејќи претходно настапуваше и за Гостивар, а зад себе има и интернационална кариера во Германија и Турција, каде играл за клубови како Карлсруе, Алеманија Ахен и Анкараспор. Дополнителна тежина на неговото CV му дава и младинското искуство во академиите на Шалке, Борусија Дортмунд и Бешикташ.


Со ангажманот на Лазаревиќ и Ајдоган, Македонија ЃП јасно испраќа порака дека сака поголема стабилност и поширок избор во сите линии, со цел успешно да ја води борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига во пролетниот дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Пионерите тргнуваат во регионалната битка – Матлиески избра 16 ракометари за турнирот во Подгорица!

Нов предизвик за најмладата машка ракометна селекција на Македонија- пионерската репрезентација денеска ги започна подготовките за премиерниот турнир од Регионалната лига, на кој...

РакометРакометна репрезентација

Познати арбитрите за првите два предизвици на Македонија во квалификациите за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација ќе има интернационални судиски двојки на почетокот од квалификациската трка за Европското првенство во 2028 година. Европската ракометна федерација ги...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!