Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се игра и во сабота и недела.
В петок од 13 часот во Кавадарци колото ќе го отворат Тиквеш и Скопје. В сабота од 12 часот се игра дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, а еден час подоцна уште едно дерби во Кратово меѓу Силекс и Вардар.
В недела од 12 часот во Куманово соочување на Башкими и Брегалница, а во 13 часот Арсими ќе игра со Шкендија Арачиново.