Останато

ФОТО: Петре Велков, Софија Пандева и Филип Маџунков избрани за спортисти на Струмица за 2025 година

Сподели
ФОТО: Општина Струмица
Сподели

Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на Општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, синоќа во хотелот „Сириус“ по 63-ти пат се одржа традиционалниот избор на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година.

Свеченоста ја отвори градоначалникот Петар Јанков, кој им честиташе на сите наградени за постигнатите резултати и истакна дека Струмица со децении е препознатлива како спортски град.

Тој потенцираше дека локалната самоуправа активно работи на создавање подобри услови за развој на спортот, посочувајќи ја изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на гимназијата „Јане Сандански“, како и најавите за идни инвестиции во спортската инфраструктура, наменети и за младите и за повозрасните, како и за рекреативците и професионалните спортисти.


Изборот беше реализиран во две главни категории – индивидуален и екипен спорт, како и подкатегоријата „спортска надеж“.

ФОТО: Општина Струмица

За спортист на годината во индивидуален спорт беше прогласен Петре Велков од КБК К1 АРЕНА. Во екипниот спорт, признанијата заминаа кај одбојкарите – Софија Пандева од ОК „Наковски Волеј“ е најдобра во женска конкуренција, додека Филип Маџунков од ОК „Струмица 47&72“ е спортист на годината во машка конкуренција.

ФОТО: Општина Струмица

Во категоријата млади спортисти, за најуспешни во индивидуален спорт беа избрани Катја Поп-Николова од ШК „Цареви Кули“ и Филип Пасков од КК „Шихан“. Во екипниот спорт, признанијата им припаднаа на Ивана Милева од ОК „Наковски Волеј“ во женска и Јован Милев од ОК „Струмица“ во машка конкуренција.

ФОТО: Општина Струмица

За најдобри сениорски екипи на Струмица за 2025 година беа избрани ОК „Струмица“ во екипен спорт и КБК Тим Зоран во индивидуална конкуренција, додека титулата најдобра младинска екипа ја освои ФК „Академија Пандев Брера“ во пионерска категорија.

ФОТО: Општина Струмица

Признанијата за тренер на годината во индивидуален спорт му припаднаа на Зоран Спасов од КБК Тим Зоран, а во екипниот спорт најдобар беше Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“. Во младинска категорија, за најдобар тренер во индивидуален спорт беше избран Атанас Василев од КК „Шихан“, додека во екипниот спорт признанието го доби Мартин Алаѓозовски од ФК „Академија Пандев Брера АД“.

Со оваа манифестација, Струмица уште еднаш ја потврди својата богата спортска традиција и континуираната поддршка за развој на спортот и спортистите во сите возрасни категории.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со...

Останато

Формиран Сојузот на училишен спорт на Источниот регион – Александар Андов избран за претседател

Со цел унапредување, развој и поголема афирмација на училишниот спорт, официјално се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!