Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Седлоски нов тренер на Вардар!

Сподели
Сподели

Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар, кој седнува на жешкото столче на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Седлоски е дури четвртиот тренер на Вардар, кој доаѓа на местото на Срѓан Захариевски, кој вчера спогодбено се раздели со клубот, а претходно Вардар го водеше на почетокот од сезоната Горазд Михаилов, па Горан Петрески кој кратко се задржа.

50-годишниот стратег по вторпат ќе го води Вардар, откако и во минатото беше тренер на Вардар, а во својата тренерска кариера има работено како асистент и привремен селектор на Македонија, беше кормилар на Хоризонт Турново, Вардар, на Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, албанска Влазниа, Шкупи и Работнички во домашниот шампион.

Седлоски своето второ деби на клупата на Вардар ќе го има против неговиот поранешен клуб Шкупи на домашен терен.

Вардар е последен на табелата со осум бодови на своето конто, а в сабота одново ќе има тешко дерби против Шкупи во скопската пресметка каде ќе има голем притисок за триумф кој за Вардар би бил само трет, ако успее да триумфира.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!