Останато

Ивановски елиминиран во квалификациите на Челинџерот во Хелсинки

Сподели
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот кој се игра Хелсинки, Финска. Најдобриот македонски тенисер загуби од искусниот Јиржи Весели од Чешка со 2:0 во сетови за 95 минути игра.

Натпреварот започна со водство на Ивановски од 1:0, но во следниот гем на сервис на Калин, тенисерот од Чешка успеа да направи брејк и ја искористи единствената брејк шанса и таа предност и водство ги задржа до крајот на сетот што го доби со 6:4. Во вториот сет, македонскиот тенисер имаше постојано предност, а во осмиот гем од сетот Ивановски ја имаше и единствената брејк топка, но не ја искористи и сетот се решаваше во тај брејк. Ивановски поведе со 2:1 во поени, но Весели со своето искуство беше подобар со 7:3 на поени и 2:0 во сетови.

Овој турнир во Хелсинки се игра за награден фонд од вредни 148.625 евра на тврда подлога во сала.

Сподели
Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!