Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

„Жал ми е, ама не можам да им замерам ништо“ – селекторот Лазаров, по драмата со Романија

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонија одигра одлично прво полувреме и во еден момент имаше и висока предност, но нереализираните шанси и падот во нападот во продолжението ја оставија победата во неизвесна завршница. Со оваа победа, „црвено-жолтите“ ја завршуваат групата со три освоени бода, најверојатно на третата позиција, а за пласман понатаму ќе биде потребно вистинско чудо – убедлива победа на Данска против Португалија.

По натпреварот, селекторот Кирил Лазаров даде детална анализа за одиграното, истакнувајќи дека Македонија можела да извлече и повеќе од овој дуел.

„Задоволен сум, сепак, победивме, а кога ќе сумираме се треба да бидеме задоволни што направивме во овие три натпревари со многу цврсти, јаки противници. Видовте дека Романија е цврста, јака репрезентација која знае што сака. Малку ми е жал затоа што почнавме многу добро и заслуживме да имаме повеќе, со поголема концентрација, фокус и верба. Како да се изненадивме дека во првиот дел можеме да водиме со 7-8 разлика. Романците беа немоќни, ние промашувавме од изградени позиции. Во вториот дел пак имавме четири гола и мислевме како и секое полувреме дека ќе бидеме уште подобри и како поминуваше времето, не сакам да звучи како да сакам да се жалам, се повреди Никола Маркоски уште во 12.минута, Аларов доби црвен картон, останавме дефанзивно и офанзивно хендикепирани во ротација и поради Атанасијевиќ.“

Лазаров посочи дека проблемот не бил во одбраната, туку во нападот и реализацијата, потенцирајќи ја и улогата на романскиот голман, кој со неколку клучни интервенции го одржал својот тим во игра.

„Мислам дека немавме проблем во одбраната, туку во нападот. Нивниот голман беше играч на мечот, имаше и доста добри одбрани..зицери. Се надевав дека ќе добиеме со малку повеќе голови разлика, макар тоа било три, четири или пет. Надежта последна умираше, па еве и сега..иако е невозможна мисија Данска да победи со 18 гола разлика. Честитки на момците, жал ми е, но не можам да им замерам ништо. Сакавме во ТОП-12, мислам дека и заслуживме такво нешто. Требаше да имаме напад за победа со Португалија на пример. И некако така секогаш. Имавме напад за два разлика со Унгарија на минатото СП во Вараждин, имавме скоро добиен меч со Холандија, со Австрија и пак се враќаме на истото. Македонски менталитет, македонска глава и тука треба да се работи. Не сум незадоволен, ова е моментално мое расположение. Кога ќе спаднат емоциите, тогаш ќе видиме како сме се спротивставиле на европски сили. Да дадеше некој вакви резултати пред Европското првенство ќе прифатев, ама ќе сакав повеќе. Ние ќе останеме во сала на следниот меч, ќе бидеме навивачи на Данска и ќе видиме што ќе биде“, изјави Лазаров.

Македонија го завршува настапот во групната фаза со победа, но и со горчливо чувство за пропуштена шанса. Судбината повеќе не е во наши раце, а надежта за пласман во втората фаза ќе зависи од резултатот на дуелот меѓу Данска и Португалија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!