Останато

Мини-преоден рок: Дамите најактивни, пристигнува и странско засилување

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Дел од женските клубови од Првата и Втората лига на ОФМ беа поактивни и го искористија мини-преодниот рок за да направат промени во екипите во пресрет на пролетниот дел од сезоната, кој стартува престојниот викенд.

Дај дамите има вкупно 14 барања за трансфери, од кое едно е на странски играч, додека машките клубови се скромни со само две молби за промена на средината.

Најзвучен е трансферот на Србинката Бјанка Рубежиќ, која ги засилува редовите на Фит Фан Волеј. Клубот минатата сезона ја финишираше како најуспешна во својата историја, а потоа во септември настапи и во БВА купот, но имаше резултатски слаба прва полусезона (со само една службена победа) и се одлучи да направи освежување во редовите. Клубот го напушта Марија Коцевска која преминува во Вардар ЕМ.

Шампионот Јанта Волеј КВ прави промена на позицијата техничар со доаѓањето на Матеа Попоска од Газели Волеј. „Газелите“, пак, ќе имаат засилување кај средните блокери, со оглед на тоа дека поранешната репрезентативка Марија Лазарова од Струмица се сели во Скопје.

Кај мажите Филип Станков од Струмица повторно се враќа во Сушево, каде настапуваше и лани како позајмен играч, а сега комплетно преминува во овој клуб, како и Виктор Ангелески, кој во првиот дел од сезоната играше за Јанта Волеј мажи, а сега ќе го носи дресот на Работнички 71&22.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Стрела 21 против Кадица во финалето за шампион на ОФЛ Прилеп

В среда со почеток од 17 часот ќе се одигра големото финале за шампион на Општинската фудбалска лига во Прилеп меѓу екипите на...

Останато

Работнички Скопје ја продолжува шампионската традиција – слави 18. титула!

Работнички Скопје е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција! Клубот ја продолжи традицијата и по пауза од една година, одново е на...

Поврзани написи
Останато

Работнички Скопје ја продолжува шампионската традиција – слави 18. титула!

Работнички Скопје е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција! Клубот ја...

Останато

МОК и Олимпискиот комитет на Србија ја зајакнуваат соработката за развој на спортот

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, вчера одржа официјална работна...

Останато

Јована Атанасовска нова македонска тениска надеж

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!