Втора лигаФудбал

Велинов: „Кариерата ја завршувам таму каде што сè започна“ – емотивно враќање во Осогово

Сподели
Сподели

Стојанчо Велинов повторно е таму каде што фудбалската приказна за него започна – во Кочани, во дресот на ГФК Осогово.

Искусниот фудбалер официјално се врати во својот матичен клуб, а неговото обраќање до јавноста откри дека ова враќање има далеку подлабоко значење од обичен трансфер.

„Се враќам дома. Таму каде што сè започна, таму каде што срцето отсекогаш ми припаѓало. Со неизмерна гордост повторно го облекувам дресот на мојот матичен клуб ГФК Осогово Кочани. Ова не е обично враќање – ова е последната страница од мојата фудбалска приказна. Кариерата ја завршувам таму каде што првпат сонував, се борев и верував. До крај со срце, чест и љубов – за ГФК Осогово Кочани“, изјави Велинов, испраќајќи силна и емотивна порака до навивачите.

36-годишниот фудбалер во Осогово пристигнува како слободен играч, по завршувањето на соработката со бугарскиот клуб Несебар. Во јануари 2024 година тој се пресели во овој тим од Черноморец Бургас, а пред тоа изгради богата кариера на домашната и меѓународната сцена.


Велинов зад себе има настапи за голем број македонски клубови – Гостивар, Велешта, Осогово, Охрид, Брегалница, Брера Струмица, Работнички, Ренова, Силекс и Тетекс, како и интернационално искуство со косовската Трепча. Најголемиот клупски успех го оствари со Брера Струмица, со која во сезоната 2018/2019 го освои Купот на Македонија.

Со своето враќање во жолто-плавиот дрес, Велинов не само што ќе донесе искуство и лидерство во соблекувалната, туку и симболично ќе ја затвори кариерата токму таму каде што започна – со срце и посветеност кон клубот што го одбележа неговиот фудбалски пат.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!