Европско првенство 2026Ракомет

Данска моќна за Романија, Словенија со спектакуларен камбек обезбеди главна рунда

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Данската ракометна репрезентација уште еднаш покажа зошто важи за главен фаворит за златниот медал на Европското првенство. Во вториот натпревар од групата, домаќинот во Хернинг рутински ја совлада Романија со убедливи 39-24 и со максимален учинок веќе обезбеди пласман во главната рунда.

Иако Романците храбро влегоа во мечот и успеаја солидно да парираат во првото полувреме, Данците постепено го презедоа целосниот контролен пакет. Во продолжението следуваше очекуваната доминација – цврста одбрана, брза транзиција и висока реализација, што резултираше со двоцифрена разлика уште пред финишот.

Најрасположен во нападот беше Матијас Гидсел, додека на голот блескаше Кевин Мелер, кој со серија интервенции го заслужи признанието за МВП на натпреварот. Единствена дамка за домаќините беше повредата на Лукас Јоргенсен, кој предвреме го напушти теренот.

Паралелно со данската сигурност, вечерта ја обележа и една од најголемите драми досега на шампионатот.

Словенија се врати од речиси невозможна ситуација и со неверојатен пресврт ја совлада Швајцарија со 38-35, обезбедувајќи пласман во главната рунда. По катастрофалното прво полувреме и огромната негатива во вториот дел, словенечките ракометари покажаа карактер, трпеливо ја топеа разликата и во самиот финиш целосно го свртеа резултатот во своја корист.

Клучна улога имаше и голманот Миљан Вујовиќ, додека во нападот најмногу се истакнаа браќата Макуц и Новак.

До место меѓу најдобрите селекции стигна и Унгарија, која иако се намачи против Италија, сепак успеа да слави со 32-26. Италијанците долго време беа рамноправен ривал, но искуството и квалитетот на Унгарците дојдоа до израз во завршницата, кога фаворитот ја потврди победата и пласманот понатаму.

По второто коло, Данска изгледа недостижно во својата група, додека Словенија со спектакуларниот пресврт испрати јасна порака дека ќе биде сериозен фактор во продолжението на Европското првенство.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!