Прва лигаФудбал

Силекс „слета“ во Анталија, на турско тло ќе се одиграат пет пријателски натпревари

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Прволигашот Силекс пристигна во Анталија, каде на турско тло ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната. Прволигашот од Кратово договори пет контролни натпревари низ кои ќе се проверува формата.

Силекс во Анталија ќе биде во период од 17 јануари до 31 јануари, а првиот тест е закажан за 19 јануари, кога Силекс ќе ги одмери силите со Бундјокор од Узбекистан, на 23 јануари ќе биде тестот со чешкиот тим Словачко.

За 27 јануари е закажан контролен натпревар со Кудриказа од Украина, а пак на 29 јануари Силекс ќе се тестира со тимот на Сигдиана Џизак од Узбекистан. За 30 јануари е договорен последниот контролен натпревар со Динамо Батуми од Грузија.

Еден ден подоцна односно на 31 јануари Силекс ќе „летне“ назад за Македонија.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!