Европско првенство 2026Ракомет

Вечерва во Малме: Митревски и Тодоровски дебитираат на Европско првенство!

Сподели
ФОТО: EHF
Сподели

Европското првенство во ракомет само што започна, а македонското присуство на континенталниот собир е забележливо и надвор од теренот. Веќе во првото коло од групната фаза, македонските судии го добија дербито на колото.

Интернационалните ЕХФ арбитри од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, се делегирани да ја делат правдата во групната фаза во Малме, а ним им припадна еден од најатрактивните дуели на стартот на шампионатот.

Вечерва од 20:30 часот, во „Малме Арена“, Митревски и Тодоровски ќе го имаат својот деби-настап на Европско првенство, водејќи го натпреварот Шведска – Холандија.

Станува збор за исклучително важен натпревар во групата во која настапува и светскиот вицешампион Хрватска, која во првото коло се соочува со селекцијата на Грузија, што дополнително ја зголемува тежината на вечерашниот дуел.

За македонскиот судиски тандем, ова е прво Европско првенство во сениорска конкуренција, како круна на одличните настапи оваа сезона, во која судеа и неколку дерби-натпревари во Лигата на шампионите.

Македонија требаше да има уште еден судиски пар на шампионатот, искусните Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои неочекувано беа повлечени од списокот на делегирани судии непосредно пред почетокот на Европското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!