Втора лигаФудбал

Бојан Рајков прва зимска аквизиција на Брегалница

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Штипската Брегалница го промовираше Бојан Рајков како прво зимско засилување. Дефанзивецот се враќа во „плаво-белиот“ табор и доаѓа од редовите на прволигашот Силекс.

Рајков е фудбалер кој ги покрива сите позиции во одбраната, а во досегашната кариера настапуваше уште за Кит Го Пехчево и Вардар Форино. Во Првата македонска лига има вкупно 86 настапи, сите во дресот на Силекс, со учинок од три гола и осум асистенции.

Во есенскиот дел од тековната сезона одигра десет натпревари за Силекс и забележа три асистенции, додека во Купот немаше настап. Во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА настапи на двата натпревари, со вкупно 46 минути на теренот.

Рајков е продукт на Брегалница, а од клубот му посакаа многу среќа и успех во синиот дрес.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!