Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч.

Се работи за 20-годишен фудбалски талент кој ќе биде силен адут на тимот од Арачиново во битката за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, заигра и за екс прволигашот Беса од Добри Дол, а последно настапуваше за прволигашот Шкупи.

Во дресот на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, го имаше дебито во Првата македонска фудбалска лига, а во елитата запиша 16 настапи, додека пак два настапи со дресот на Шкендија има и во младинската Лига на шампиони.


Се очекува Назифи значително да придонесе за зголемување на конкуренцијата и квалитетот во напаѓачкиот ред на тимот од Арачиново, благодарение на неговиот динамичен профил и максималната ангажираност на теренот.

Претходно како што веќе објави Спортска Мрежа, Шкендија Арачиново се засили со голманот Антонио Столевски, Владимир Жоглев, Махир Ајрули и Сухејб Рушити.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!