Екипата на Гевгелија Мол го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ кај јуниорите во генерација 2016/2017.
Во големото финале тимот на Гевгелија Мол беше подобар со 2:3 од Јанг Бојс од Неготино, финале кое беше максимално атрактивно и неизвесно, публиката проследите пет погодоци, а актерите на теренот фантастичен футсал.
Во мечот за трето место екипата на Жила од Стојаково со службени 3:0 го доби тимот на Мини Дриблерс, откако оваа екипа не се појави на теренот во малото финале.

Младите и талентирани играчи прикажаа добри игри, на секој натпревар публиката следеше погодоци и неизвесности, но на крајот секој подава рака за победа и пораз, подава рака за пријателство и другарство бидејќи спортот обединува.

Спортска Мрежа по првпат беше медиумски покровител на овој спортски настан.
