Кошарка

Гевгелија со максимален учинок стана есенски шампион во Аматерската кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Екипата на Гевгелија на импресивен начин го заврши првиот дел од сезоната во Аматерската лига – мажи, освојувајќи го првото место со максимален учинок од седум победи во седум натпревари.

Гевгеличани доминираа во сите седум кола и со право влегуваат во продолжението од сезоната како најсериозен кандидат за место кое води во Првата македонска лига.

Во последното, 7. коло, лидерот славеше на гостувањето кај Винеам во Виница со резултат 79:72, со што го задржа стонастотниот ефект во првиот круг од натпреварите.

Киксот на Винеам умешно го искористи Шар Планина, која со сигурна победа над Хераклеа (74:56) стигна до скор од пет победи и два порази, доволен за втората позиција на табелата по првата фаза.

Во средишниот дел од табелата се Винеам и ИБА Скопје со идентичен скор (4-3), следува Хераклеа (3-4), додека Чаир и Конзули се на ефект од две победи и пет порази. На дното се наоѓа Дибра Иглс со една победа и шест порази.

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

  • Табела (по 7 кола)

Гевгелија – 7 победи, 0 порази

Шар Планина – 5 победи, 2 порази

Винеам – 4 победи, 3 порази

ИБА Скопје – 4 победи, 3 порази

Хераклеа – 3 победи, 4 порази

Чаир – 2 победи, 5 порази

Конзули – 2 победи, 5 порази

Дибра Иглс – 1 победа, 6 порази

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

  • Следно коло

ИБА Скопје – Гевгелија

Винеам – Хераклеа

Конзули – Дибра Иглс

Шар Планина – Чаир

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!