Турнири

Кафе Бар Проект пукна „петарда“ на „Стојаково 2025“, Бригада 12 фуриозно во полуфиналето кај јуниорите!

Сподели
Сподели

Вечерва тимот на Кафе Бар Проект со убедливи 1:5 го декласираше Клик од Гевгелија откако до врв ја наполни мрежата за убедлива победа во сениорска конкуренција на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“.

Кај јуниорите во генерација 2010/2011 беа одиграни два полуфинални меча. Во првиот тимот на Бригада 12 беше фуриозен откако со убедливи 0:4 го декласираше тимот на Фабела Бојс кој беше инфериорен на теренот.

Во вториот полуфинален меч Маркет Го-Да Чонов Микро со сигурни 2:0 го исфрли тимот на Mild Home Store.

Во однос на сениорската конкуренција – позната е состојбата на табелата во сите групи, а притоа започнува нокаут фазата каде публиката до крајот на турнирот ќе следи „пеколни“ натпревари, бидејќи право на грешка веќе екипите немаат, секој пораз ќе значи елиминација, секоја победа поблиску до можноста да се подигне пехарот и да се освои турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“.


Во продолжение конечниот изглед на табелите во сите четири групи по комплетирањето на групната фаза.

Во продолжение патот до пласман во големото финале – односно шемата која води до освојување на пехарот на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“.

Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан во мал фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!