Кошарка

Охрид прв го порази Вардар, Соколи 1933 и Струмица ФМП со убедливи победи – Првата македонска лига станува неизвесна!

Сподели
Сподели

Во рамките на 10. коло на Првата македонска лига – мажи, се одиграа неколку возбудливи и значајни натпревари.

Охрид – Вардар 83:82

Во крајно неизвесен меч во салата „Билјанини Извори“, охридските кошаркари ја поразија досега непоразената екипа на Вардар со минимални 83:82, забележувајќи 6-та победа сезонава. Финалните минути беа вистинска драма, а домашниот тим покажа голема храброст и карактер за да го добие овој клучен дуел.

Младинец – Црн Дрим 72:90

Црн Дрим стигна до планираните бодови на гостувањето кај Младинец, предводен од одличниот Дион Шабани со 41 поен. Поддршка му дадоа А. Шабани со 15, М. Ѓоровиќ со 13 и Камиловски со 12. Кај Младинец, Мантев беше најефикасен со 23 поени.

Водно Санс – Мега Баскет

Тимот на Водно Санс без проблеми на домашен терен во СРЦ „Кале“ ја декласираше екипата на Мега Баскет со 112:73.

Соколи 1933 – Овче Поле 90:65

Штипјани целосно доминираа од првата до последната минута, обезбедувајќи убедлива победа над Овче Поле. А. Тодоровски со 22 поени, 8 асистенции и 7 скока предводеше екипата, додека Хамилтон даде 17, а Караколев 12 поени.


Струмица ФМП – Спортисимо 92:47

Очекувана и убедлива победа на ко-лидерот во групата „Б“. Струмичани ја решија средбата уште во првата половина со 43:19. Најефикасен домашен кошаркар беше Ф. Пандев со 23 поени.

Бутел – Струмица Ролинг 106:79

Кошаркарите на Бутел ја потврдија доминацијата со шестата победа сезонава, предводени од Андреј Атанасов со 34 поени. Мартин Атанасов за гостите исто така даде 34, но тоа не беше доволно.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!