Екипата на Каршиака есенската полусезона ја заврши на високото второ место во Втората футсал лига со освоени 18 бодови, само еден помалку од есенскиот шампион Железарец. Тимот зад себе има одлична есен, со учинок од шест победи и два порази, што е јасен показател за сериозноста на проектот.
Во Каршиака има задоволство од резултатите и прикажаната игра, но според информации на Спортска Мрежа, клубот во пролетниот дел ќе влезе уште по мотивиран со јасна амбиција – борба за пласман во Првата футсал лига. Во наредните денови се очекува состанок на управата, на кој ќе се разговара за засилување на ростерот и подготовка за продолжението на сезоната.
Како што дознаваме, во клубот сериозно се размислува за ангажман на две до три квалитетни засилувања, со цел атак на првото место или сигурно задржување на втората позиција, кои директно водат во Првата лига.
Во офанзивниот дел, најдобар стрелец на Каршиака е Сеад Јакупи со осум постигнати погодоци, додека по шест гола оваа есен запишаа Нехат Емини, Енис Ибраими и Фуркан Ќани. Пет погодоци во досегашниот тек од сезоната има и Садам Куртиши.
Фактот што Каршиака се наоѓа на само бод зад поранешниот прволигаш и екс-шампион на Македонија, тимот на Железарец, дополнително ги зголемува апетитите во клубот – не само за промоција кон елитата, туку и за титулата во Втората футсал лига.
Сè на сè, Каршиака покажа зрел и организиран футсал, а сигналите од клубот се јасни – оваа екипа нема намера да застане. Напротив, во пролетниот дел се очекува уште поорганизирана и поконкурентна Каршиака, со јасна цел – пласман во Првата футсал лига.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ | 8 | 6 | 1 | 1 | 38 | 20 | +18 | 19 |
| 2 | КМФ КАРШИАКА 1996 | 8 | 6 | 0 | 2 | 40 | 29 | +11 | 18 |
| 3 | ФК ЦРНА РЕКА / КМФ | 8 | 5 | 2 | 1 | 47 | 22 | +25 | 17 |
| 4 | КМФ ФУДБАЛ СТАРС-АУТО ВЕЛТ | 8 | 5 | 0 | 3 | 40 | 26 | +14 | 15 |
| 5 | КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ | 8 | 5 | 0 | 3 | 46 | 38 | +8 | 15 |
| 6 | КМФ ССК 1965 Скопје | 8 | 4 | 0 | 4 | 39 | 45 | -6 | 12 |
| 7 | КМФ КРАТОВО | 8 | 3 | 1 | 4 | 53 | 45 | +8 | 10 |
| 8 | ФК Партизан Југ Брвеница / КМФ | 9 | 3 | 1 | 5 | 57 | 62 | -5 | 10 |
| 9 | КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 | 8 | 2 | 2 | 4 | 20 | 27 | -7 | 8 |
| 10 | КМФ КОНЗУЛИ Битола | 9 | 2 | 1 | 6 | 24 | 43 | -19 | 7 |
| 11 | КМФ КАРАДАКУ | 8 | 0 | 0 | 8 | 21 | 68 | -47 | 0 |