ОстанатоФудбал

Кривични пријави против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането е преземање на сликата без претходна писмена согласност
Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.

Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во  системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски натпревари кои наводно се одиграле во регионалната Б лига во рамките на Општински фудбалски сојуз Охрид.

Потоа, изготвувале записници со лажни и непотполни податоци и ги внесувале во системот на Фудбалската федерација на Македонија, со што ја довеле во заблуда, лажно прикажувајќи дека Општинскиот фудбалски сојуз Охрид организирал натпреварување во општинска Б лига со осум екипи како  учесници.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!