ОстанатоФудбал

Македонскиот фудбал остана без една од своите најголеми легенди – почина Васил Рингов

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Македонската фудбалска јавност денеска тагува по веста за смртта на Васил Рингов, еден од најзначајните и најпрепознатливи фудбалери што ги изнедрил нашиот фудбал. Легендарниот напаѓач почина на 70-годишна возраст, по кратко боледување и срцеви проблеми, оставајќи зад себе богато спортско наследство и неизбришлива трага.

Рингов својата фудбалска приказна ја започна во Беласица, каде дебитираше како многу млад играч, а талентот брзо го однесе на највисоката сцена. Следуваа настапи за Партизан, Тетекс, Вардар, Динамо Загреб и германски Ајнтрахт Брауншвајг, но токму во дресот на Вардар го изгради својот легендарен статус. Со над 200 настапи и 93 постигнати голови, Рингов засекогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите стрелци и фудбалери во историјата на „црвено-црните“.

Посебно место во историјата има и неговиот придонес во шампионската сезона на Вардар во 1986/87 година, кога, и покрај повредите, даде свој дел во освојувањето на првата титула во југословенската Прва лига. По завршувањето на активната кариера, Рингов остана поврзан со фудбалот и со Вардар, работејќи како помошен тренер и подоцна како претседател на клубот.


Од Васил Рингов се прости и Фудбалската федерација на Македонија со силна и емотивна порака:

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.

Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег. Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.
Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.

Почивај во мир, драг наш Васе“, напишаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Со заминувањето на Васил Рингов, македонскиот фудбал изгуби голем играч, но и голем човек. Неговото име, делото и вредностите што ги носеше ќе продолжат да живеат низ историјата, спомените и генерациите што доаѓаат.


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!