Турнири

Џокер Фурка и Кафе Бар Проект ремизираа со четири гола, возбудив меч на Дим Метал и Баламов Компани на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ беа одиграни четири натпревари – стандардно два кај јуниорите и два кај сениорите.

Вечерта беше отворена со натпреварот во генерација 2010/2011 меѓу Mild Home Store против Маркет Го-Да Чонов Маркет каде немаше победник, а имаше по еден гол за конечни 1:1, во вториот меч од генерација 2012/2013 беше полуфинале каде тимот на Џокер Фурка со убедливи 8:1 го декласираше тимот на Уни Глобал.

Кај сениорите во првиот меч Кафе Бар Проект ремизираше со Џокер од Фурка играјќи 2:2, а пак во вториот меч Дим Метал од Неготино се соочи со Баламов Компани од Негорци, каде во регуларниот дел беше 2:2, а во пенал серијата беше 2:3.

Спортска Мрежа по првпат медиумски го поддржува овој турнир во мал фудбал кој се игра во Стојаково, вечерва одново има одлични натпревари, распоредот е достапен овде.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!