Ракомет

Милан Лазаревски верен на црвено-црниот дрес!

Сподели
Сподели

Вардар и пивотменот Милан Лазаревски ја продолжија соработката, па така, играчот ќе остане дел од црвено-црното семејство и во наредните две сезони. Лазаревски се врати во Македонија во 2022 година и оттогаш е еден од клучните столбови на тимот.

Со новиот договор, Вардар ја задржува својата пивотменска ѕвезда, која со својот карактер, труд и професионален однос кон клубот претставува пример за младите ракометари. Играчи како Милан, кои во целост ги прифатиле вредностите и обврските на црвено-црниот дрес, се темелот врз кој клубот гради тим за подолг рок.

Навивачите во „Јане Сандански“ и во наредните две сезони ќе го гледаат еден од најборбените играчи во тимот. Неговата енергија, жестината во дуелите и подготвеноста да се жртвува за секоја топка многупати досега ја подигнуваа публиката на нозе и беа инспирација за соиграчите.

Продолжувањето на договорот со Милан Лазаревски е јасна порака од Вардар дека клубот гради стабилен и конкурентен тим, кој ќе се бори за трофеи со играчи кои ја знаат вредноста на црвено-црниот дрес и се посветени на заедничкиот успех.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!