Ракомет

Актуелниот селектор на Аргентина, Ѓиљермо Милано е нов тренер на Вардар

Сподели
Сподели

Поранешниот двократен европски шампион и повеќекратен шампион на Македонија, Вардар, доби нов тренер, на тренерското столче седнува актуелниот селектор на Аргентина, Ѓиљермо Милано. Постигната е соработка Милано да го води клубот најмалку до крајот на оваа сезона, со опција за продолжување на соработката и за следната сезона.

На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар.


Милано има 20 годишно искуство како тренер во клубови и во машката репрезентација на Аргентина, учествувал на над 50 меѓународни турнири, четири Олимписки игри, 19 Светски првенства, четири Панамерикански игри, четири Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20 меѓународни турнеи.

Милано од 2021 година ја води машката репрезентација на Аргентина, претходно беше помошник тренер, а бил одгогорен за сите младински селектири на Аргентина, со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните олимписки игри во Франција, а на СП 2023 година во Полска и Шведска беше победник на Панамериканските игри во 2024 година победувајќи го Бразил.

„Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам се за Вардар, да оставам се на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот. Возбуден сум што ќе бидам дел од ова ново поглавје во мојата кариера и ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар, изјави Милано.

По девет кола Вардар има осум победи и еден пораз и се наоѓа на делба на второто место со Охрид со по 16 бодови односно имаат негатива од два бода во однос на лидерот Алкалоид кој е максимален.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!