Трета лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во сите региони од Трета лига? Секулоски и Мифтар постигнале најмногу голови!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Спортска Мрежа ја објавува листата на најдобри стрелци во сите пет региони од Третата македонска фудбалска лига. Ќе одиме регион по регион.

ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК

Во Трета лига – Исток по седум одиграни кола најдобри стрелци со по осум погодоци се двајца фудбалери. Игор Ѓорѓиев од Слога Виница и Дарко Нацев од Овче Поле.

Октај Амедов кој е фудбалер на Слога Виница има седум гола, а по шест гола имаат Петар Илиев од Дојранско Езеро и Кристијан Ристовски од Слога Виница.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД

По осум одиграни кола во Трета лига – Запад најдобар стрелец со девет гола е Ментор Саљиу од Џепчишти, екипа која лани беше вицешампион. По осум гола имаат Арлинд Берзати од Камјани и Бетим Етеми од Доброшти. По шест гола постигнаа Младен Котевски од Напредок и Меритон Салији кој настапува за ланскиот второлигаш Тетекс.


ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД

По седум одиграни кола во Трета лига – Југозапад убедливо најдобар стрелец е Никола Секулоски, фудбалерот на Сатеска од Волино кој има постигнато фантастични 14 погодоци.

По осум погодоци имаа Темур Емини од Кравари и Фатој Леши од Кораби, па со ова се гледа разликата меѓу овие двајца фудбалер и Секулоски.

Денис Шадов кој настапува за Влазними има седум гола, а по шест гола постигнаа Владе Јанакиевски и Мартин Кузманов од Евротип, како и Неџми Реџепи од Преспа.

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ

Фудбалерот на новиот третолигаш Дреново, Армен Мемедов по осум кола има постигнати 11 погодоци и со тоа е најдобар стрелец во Трета лига – Југ.

На второто место е Петар Ристовски од тимот на Венец од Долни Дисан со десет гола, а пак Виктор Тошоески од Големо Коњари има девет гола. Фубдлалерот на Бакими 2008, Зани Ахмедовски има шест гола.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР

По осум кола во Трета лига – Север најдобар стрелец е Орхан Мифтар од Фортуна кој има постигнато 14 погодоци. На второто место е Мерван Фетаи кој настапува за Беса Влазрими со осум гола, а пак Мартин Лазев од Ржаничино има седум гола. По осум гола пет гола има постигнато Бејтула Авдулаи од Башкими Љуботен.


Ако направиме еден генерален пласман од сите региони Орхан Мифтар кој настапува за Фортуна екипа од Трета лига – Север и Никола Секулоски, кој настапува за екипата на Сатеска од Волино, екипа која игра во Трета лига – Југозапад се двајцата најдобри стрелци со по 14 постигнати погодоци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

1 минута спортски вестиВтора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!