Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Сподели
ФОТО: Горан Герасимовски facebook
Сподели

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во „Градски парк“ е пред финализирање и наскоро ќе биде целосно усогласена со сите ФИБА стандарди. Ова го потврди градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој денеска направи обиколка на објектот заедно со клубските легенди Митко Луковски и Огњан Герасимовски.

Во салата се изведуваат последните работи, а најзначајниот дел – новиот паркет од 700 м² – ќе биде целосно поставен следната недела. Паралелно се доинсталираат семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе завршени.

Објектот добива и нови трибини во традиционалните црвено-бели бои на Работнички, како и модерни соблекувални, судиски простории, медицинска и допинг-контрола.

ФОТО: Горан Герасимовски facebook

Салата станува целосно енергетски ефикасна благодарение на подното греење и современиот систем за греење, ладење и проветрување, а поставени се и инклузивни тоалети со пристапна рампа, со што објектот добива и важна социјална функционалност.

„Поставуваме нов паркет на теренот од 700 м², кој веќе следната недела ќе биде целосно завршен. Во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани. Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови трибини, црвено-бел амбиент во боите на КК „Работнички“, соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети со пристапна рампа. Ова не е само реконструкција – ова е ново поглавје за „Работнички“ и за спортот во Центар. Со мене на обиколката беа и легендите на „Работнички“, Митко Луковски и Огњан Герасимовски, кои ја поздравија реализацијата на проектот“, вели Герасимовски.

Со ова реконструкција, Работнички добива врвни услови за тренинг и натпревари, а реновираниот објект претставува силен чекор напред за македонската кошарка и спортот во општината Центар.

ФОТО: Горан Герасимовски facebook


ФОТО: Горан Герасимовски facebook


ФОТО: Горан Герасимовски facebook

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!