Ракомет

Еурофарм Пелистер без проблеми ја мина Струга и се врати на победнички пат

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер лесно и убедливо ги освои бодовите против Струга, совладувајќи го ривалот со високи 42-22, во дуел што покажа јасна разлика во квалитетот меѓу двата тима. Само еден ден по оставката на тренерот Рубен Гарабаја, битолскиот шампион имаше задача да реагира брзо – и тоа го направи на најдобар можен начин.

Предводен од привремениот тренер Ѕвонко Шундовски, пелистерскиот состав одигра сигурно од првата до последната минута. Стружани држеа чекор кратко, до израмнувањето на 6-6, но тука заврши нивната рамноправност. „Зелено-белите“ го кренаа темпото, ги казнуваа сите пропусти на противникот и постепено ја градеа предноста.

На паузата резултатот изнесуваше 20-14, а во вториот дел разликата експресно растеше. Одбраната на Пелистер функционираше одлично, а брзата транзиција и реализацијата во нападот го направија мечот еднонасочен.


Петар Атанасијевиќ блескаше со ефективни решенија и го заврши натпреварот како најдобар стрелец со 11 гола, додека голманот Никола Митревски беше меѓу клучните фактори со двоцифрен број интервенции. Филип Кузмановски исто така даде значаен придонес со 6 погодоци.

Кај Струга најрасположен беше Стефан Атанасовски, кој постигна 9 гола, но поддршка од соиграчите недостасуваше за да се одржи резултатска неизвесност.

Еурофарм Пелистер со оваа победа ја враќа самодовербата во пресрет на најголемиот предизвик во домашниот шампионат – дербито со Вардар, кое се игра на 10 декември во Битола. Таму, шампионот ќе се соочи со тимот кој сезонава уште нема направено кикс.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!