Ракомет

„Мора максимално фокусирано од старт“ – порача Ристески пред дуелот со Е.Пелистер 2

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид, во петок повторно ќе играат пред својата публика, овојпат во рамките на 15. коло од Супер лигата, каде што ќе бидат домаќини на младата и многу борбена екипа на Еурофарм Пелистер 2.

Тимот од Битола е познат по брзата игра, трчањето и желбата да се докажува против секој противник.

Левото крило на Охрид, Никола Ристески, потенцира дека мечот ќе бара максимална концентрација од самиот старт и дека тимот мора да го наметне својот стил на игра ако сака да ја донесе победата пред охридската публика.

„Во петок ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докажува. Сметам дека мора да влеземе максимално фокусирани од почеток на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика.“ – изјави Ристески.

Охриѓани ќе се обидат да ја искористат поддршката од своите навивачи и да додадат нови бодови на домашен терен. Ќе биде дуел со голема динамика, каде фокусот и дисциплината ќе бидат клучни за конечниот исход.

Натпреварот е закажан за петок (05.12) од 18:00 часот во салата „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

Младост 1976 и Согле за трофејот: Велес ќе добие нов куп-победник

На 9 мај, Градскиот стадион во Велес ќе биде домаќин на финалето од Купот на ОФС Велес, каде силите ќе ги одмерат екипите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Поврзани написи
Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во...

Ракомет

„Со нетрпение го чекаме финалето“ – херојски Охрид го елиминира Целје!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!