Втора лигаФудбал

ФК Големо Коњари со огромна благодарност до жителите – рекордно успешна акција за поддршка на клубот

Сподели
Сподели

Второлигашот Големо Коњари јавно им се заблагодари на сите жители од селото за масовниот одзив и искрената поддршка во акцијата за собирање тутун – традиционален начин на помош што повторно ја покажa сплотеноста на заедницата.

Иако екипата моментално е последна на табелата со само три бода, љубовта кон клубот не слабее. Жителите донираа онолку колку што можат – некој финансиски, некој со тутун – но секој со истата желба: ФК Големо Коњари да опстои и чесно да ја заврши сезоната во Втора лига.

Клубот го водат поранешни спортски работници и ентузијасти кои без спонзори и со големи тешкотии го одржуваат функционирањето. „Тешко е, маки и маки, но ќе ја изиграме сезоната чесно и постено“, истакнува клубот, за Спортска Мрежа.

Оваа година е собран рекорден тутун – двојно повеќе од претходните сезони. Мештаните знаат дека тоа е само мал дел од вкупните трошоци потребни за второлигашки клуб, но нивната поддршка е огромна и искрена. „Секој сака да помогне, сите стојат зад екипата“, додаваат од клубот.

ФК Големо Коњари уште еднаш им се заблагодарува на сите и истакнува дека оваа заедничка акција е доказ дека кога целата заедница стои зад својот клуб – борбата никогаш не запира.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!