Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Јованоски: Одбраните на пеналите беа инстинкт и верба, пресреќен сум за победата во Штип!

Сподели
Сподели

Голманот на Осогово, Ѓорѓи Јованоски, беше апсолутен херој во Штип, каде со две феноменални интервенции од пенал-паркот му донесе голема победа на својот тим против Брегалница со 0:1. Осогово стигна до трите бода благодарение на својот „пантер“, кој блескаше во сите 90 минути и ја сочува мрежата недопрена.

Јованоски не само што одбрани два пенали, туку во текот на целиот натпревар беше сигурност и стабилност зад последната линија. Со својата извонредна партија не само што ја заслужи титулата играч на натпреварот, туку сосема заслужено е и голман на колото.

Јованоски за Спортска Мрежа истакна дека одбраните на пеналите биле инстинкт и верба.

„Пресреќен сум за победа во Штип. Знаев дека ќе биде тежок натпревар, ама влегов максимално фокусиран. Одбраните на пеналите беа инстинкт и верба, а најважно од сè е што ја сочував мрежата чиста и му помогнав на тимот да ги земе трите бода. Мрежата чиста, три бода носиме дома – тоа е најважно. Сите момци се бореа до последна минута, ова е заедничка победа. Продолжуваме уште посилно“, изјави Јованоски за Спортска Мрежа.

Со овие три бода Осогово се враќа со голема самодоверба во Кочани, а Јованоски уште еднаш потврди дека е еден од најсигурните голмани во лигата оваа сезона.


Претходно како што веќе објави Спортска Мрежа, Јованоски влезе во клубот 100 со што ја потврди својата верност кон клубот од Кочани, тој е пример за лојалност и стана вистинска легенда на Осогово.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето...

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!