Втора лигаФудбал

Новаци ја игра најдобрата есен во последната деценија – клубот станува сериозен фактор во Втората лига

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Екипата на Новаци веќе нема ништо заедничко со тимот од минатите сезони, кога опстанокот се обезбедуваше во последните кола, а клубот често се наоѓаше непосредно над зоната за испаѓање. Оваа есен Новаци изгледа сосема поинаку – поорганизирано, поагресивно и со јасен потпис во играта.

Под водство на тренерот Дарко Крстески, играчите играат допадлив, модерен и дисциплиниран фудбал. Тимот ја наметнува иницијативата, игра со висок интензитет и создава впечаток дека на терен има јасна идеја и систем.

  • Евротип како генерален спонзор – пресвртница за клубот

Влезот на Евротип како генерален спонзор се покажа како клучен момент. Финансиската стабилност овозможи подобра организација, поголема инвестиција во тимот и сериозен напредок во функционирањето на клубот.
Но, успехот не е само резултат на спонзорството – структурата, поставеноста и начинот на управување со клубот се на повисоко ниво, што веднаш дава резултати.

  • Новаци високо на табелата – 26 бодови и борба за врвот

Во моментов, Новаци се наоѓа на шестата позиција со 26 бодови, но според играта и формата тимот реално е уште поблиску до врвот. Клубот испраќа силна порака дека ова е најамбициозната сезона во последните години.

Дополнителна потврда за подемот е и вчерашната победа од 1–0 над лидерот Шкендија Арачиново, во натпревар од 14. коло. Лидерот го доживеа вториот пораз сезонава – и втор пораз по ред – додека Новаци уште еднаш ја истакна својата континуирана форма и силен карактер.


  • Клуб кој станува пример во Втората лига

Новаци е клуб каков што му треба на македонскиот фудбал – со добра инфраструктура, со сериозно поставена организација и со луѓе во управата кои ја знаат состојбата во македонскиот фудбал и умеат да менаџираат клуб на модерен начин.

Според информации на Спортска Мрежа, во наредниот период Новаци ќе работи на дополнителни засилувања, и во играчкиот кадар, и во опремата, и во целокупната спортска организација. Очекувањата се дека клубот ќе претстави уште неколку новитети кои ќе го подигнат на повисоко професионално ниво.


  • Позитивна фудбалска приказна што продолжува

Новаци е еден од најпозитивните примери во Втората лига оваа сезона. Тимот расте, напредува и станува сериозен фактор за кој ќе зависат многу работи во продолжението од сезоната. Ако го продолжи истиот тренд, клубот може да стане модел кој ќе го следат многу други второлигаши.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник првиот чекор...

РакометРакометна репрезентација

Стефанов за новото засилување на Македонија: „Добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес“

Дмитро Хориха и официјално ќе може да го носи дресот на македонската ракометна репрезентација, откако доби зелено светло од Светската ракометна федерација. Неговото...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!