Останато

Јанта Волеј во нова европска „битка“, против Младост Загреб во ЦЕВ купот

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот женски првак Јанта Волеј Кисела Вода настапот во европските клупски купови го продолжува денеска, 20 часот, кога во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го пречекува хрватскиот тим Младост Загреб во 1/16 финалето од ЦЕВ купот.

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ испишаа историски успех, кој не е само клупски, туку ќе остане запаметен и како еден од највисоките успеси во македонската женска клупска историја во Европа, со двете победи во првата рунда од ЦЕВ Лигата на шампионите. Сепак, францускиот предизвик во втората рунда, не дозволи нашиот претставник да приреди сензација и да се најде во главната фаза од елитното натпреварување.

Предизвиците сега се селат во ЦЕВ купот, каде во првата рунда од второто по квалитет европско клупско натпреварување Јанта Волеј КВ ќе се соочи со хрватскиот вице-првак Младост Загреб.

Хрватскиот состав е квалитетен противник, кој пред доаѓањето во Скопје го претрпе првиот пораз во домашното првенство, викендов со 3:2 на гостувањето кај Марина Каштела. Ланската сезона тие настапуваа во Лигата на шампионите, дел се од МЕВЗА (Средноевропската лига) и актуелен бранител на титулата во ова натпреварување.

„Имаме сериозен и квалитетен противник како следна пречка во европските клупски купови. Екипа предводена од италијански стратег, со искусни играчи и кениската репрезентативка Овино, во своите редови. Како и на претходните натпревари така и сега, ние сме фокусирани на нашата игра. Приоритет е да се одигра на високо ниво, дисциплинирано и мотивирано, а резултатот да дојде сам по себе. Целата европска сезона сме со скромни очекувања, така ќе биде и овојпат. Ќе се потрудиме уште еднаш достојно да го претставиме нашиот клуб, македонската одбојка и државата во Европа“ – потенцира спортскиот директор на Јанта Волеј КВ, Горан Јаневиќ.

Реванш дуелот од 1/16 финалето се игра следната среда (3 декември) во 20 часот во „Домот на одбојката“ во Загреб.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Ракомет

Прилеп ја засилува бековската линија со 17-годишниот Лав Зековиќ

РК Прилеп продолжува да го подмладува и засилува својот ростер, а најново име во екипата е 17-годишниот Лав Зековиќ од Црна Гора. Младиот...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на...

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното...

Останато

(ФОТО) ШК Фламуртари од Радолишта со историски успех: Трето место во Првата шаховска лига на Македонија

Шаховскиот клуб Фламуртари од Радолишта забележа значаен успех на македонската шаховска сцена,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!