Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојан Ѓуроски: Гордост и задоволство е да се носи дресот на Македонија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот Куп, но повторно му стои на располагање на селекторот Марјан Илиевски. Стојан Ѓуроски се приклучи на  тренинг на сениорската репрезентација пред почетокот на претквалификациите за Евробаскет 2029, во кои Македонија ќе влезе „побогата“ за едно значајно искуство – неговото присуство.

Искусното крило не го криеше задоволството што повторно е дел од националниот тим:

„Чувството е одлично. Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви поради повреда, и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште не сме ги гледале ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но исто е за сите. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблем да се воиграме.“

Натпреварот против селекцијата на Азербејџан ќе се одигра на 27 ноември, со почеток во 19:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!