РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација до 19 години со два теста против Русија – кои фудбалерки ги повика селекторот Кирил Изов

Сподели
ФОТО: Фудбалска репрезентација на Македонија
Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години предводена од селекторот Кирил Изов ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Русија до 19 години.

Двата натпревари се закажани да се одиграат на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Искусниот стратег Изов го објави списокот со фудбалерки на кои ќе смета и ќе комбинира за натпреварите со Русија.

На голот селекторот Изов на располагање ќе ги има Ведрана Комненова од Љуботен и Ангела Блажева од редовите на Каменица Саса.

Во одбраната на македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов) и Ангела Димчова (Тиверија Брера).

Во средниот ред на располагање ќе бидат Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје) и Кристина Крстева (Скопје).


Во нападот на нашата репрезентација ќе бидат Настасија Накова и Елена Симјонова кои доаѓаат од Љуботен, Ана Боризоска од екипата на Скопје, Калина Попески од Црвена Звезда и Емили Митковска од екипата на Речица.

Македонската женска репрезентација до 19 години, од 25. ноември до 1. декември, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, група Б, за пласман во повисок ранг квалификации за ЕП. На турнирот во Струмица ќе се соочиме со Грузија, Азербејџан и Словенија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот. Во рамките на активностите посветени на развојот и промоцијата на женскиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Елези пред Швајцарија: Мораме да се фокусираме на себе, да не правиме грешки – секоја наша грешка може многу да нè чини

Македонската А репрезентација го имаше првиот собир и вчера го одработи првиот тренинг во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Нашата...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!